Комисијата за здравство при ОК Аеродром во текот на 19.03.2013
како тековна обврска врши посета на лицата со посебни потреби на
ниво на целата општина. Во рамки на акцијата се посетуваат лицата
во домашни услови, се лоцираат нивните проблеми во врска со
здравственото и социјалното осигурување, закажување на
дијагностички и други прегледи, и се нуди помош во областа на
јавното здравство на Република Македонија во законските рамки.