Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ, во тек е процесот на ажурирање и потврдување на членството на ВМРО-ДПМНЕ. Заради тоа потребно е секој член на партијата, секој ден во периодот од 17.09 до 17.11.2012 година, од 10.00 до 22.00 часот, да го посети седиштето на месниот или општинскиот комитет во местото во кое живее и да пополни и потпише формулар, со кој ќе го потврди и ажурира своето членство во ВМРО-ДПМНЕ. Членството може да биде ажурирано и потврдено и во Централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ.Отворена е и можноста за нови зачленувања во ВМРО-ДПМНЕ, партија која е движечка сила во Република Македонија