понеделник, 18 март 2013 г.

Информација за новата детска градинка „Сонце “ што се наоѓа во Реонски центар Аеродром






  На  8.3.2013година, на свечен начин беше пуштена во употреба новата детска градинка  „Сонце “ што се наоѓа во Реонски центар Аеродром, која е објект на ЈУДГ „ Буба Мара “ на Општина Аеродром.
 Инаку, новата детска градинка има капацитет за згрижување на околу 200 деца од предучилишна возраст и се простира на парцела од 7.500 квадратни метри.
 Со пуштањето во употреба на оваа градинка проблемот со недостиг на соодветни капацитети за сместување на деца од предучилишна возраст на територијата на овој дел од општината, е веќе минато.
 Новата детска градинка, која ги исполнува сите европски стандарди за ваков вид објекти  е од исклучително значење за најмладата популација на оваа релативно нова населба, но и за нивните родители, кои веќе нема да мораат да пешачат во други населби за да ги носат своите деца во градинка.