
Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Аеродром претставува носител на прогресивните текови во нашето општество и функционира според мотото „работиме одговорно, градиме иднина“. Работата и напорот на сите досегашни членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е видлива во сегашниот капацитет и подготвеност на УМС да игра значајна улога во животот на младите луѓе.
УМС-Аеродром е јадро на обединување на млади луѓе на територијата на Општина Аеродром кои знаат што сакаат за себе но и за својата татковина, Република Македонија.
Визијата на УМС-Аеродром се залага за взаемна почит, вклучување на сите слободни граѓани и обединување на сите млади и прогресивни луѓе без разлика на нивната верска, национална и расна припадностм, а тоа воедно претставува пример за како треба да се работи и како треба да изгледа една модерна младинска организација во Република Македонија. Унијата на млади сили треба да функционира со полн капацитет, за да може во целост да ги задоволува барањата и потребите на младите луѓе, особено оние кои ги наметнува новото време.
Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Аеродром е Марко Филиповски.
Потпретседатели: Бојан Петровски, Дарко Јоциќ, Александра Велковска
Секретар: Бојан Шикоски
Претседатели на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на МК
МК Долно Лисиче: Мартин Василевски
МК Горно Лисиче: Мирослав Ристиќ
МК Ѓорѓи Капчев: Елена Митеска
МК Јордан Мијалков: Драган Јовановски
МК Населба Лисиче: Марјан Ѓорѓиевски
МК Македонски Бранители: Гоце Лазаров
МК Ново Лисиче: Бојан Андонов
МК АСНОМ: Стефан Стоилов
МК Јане Сандански: Велимир Колевски
МК Горан Николовски: Горан Ивановски
МК Вардар: Борче Стојановски
МК 13 Ноември: Филип Саздовски
МК Острово: Војкан Стојановски
МК Васко Карангелевски: Васко Василевски
МК Мичурин: Димитар Ангеловски