среда, 26 септември 2012 г.

Велодипедска тура ОК Аеродром

Почитувани,

На ден 29.09.2012 година (сабота) со почеток од 11.00 часот на патеката на Кејот на реката Вардар од под мостот Близнаци ќе започне велосипедската тура до Градски парк плажа. Кој нема велосипед може да изнајми за 10 денари po час кај локацијата на "Градски Паркинг" позади ТЦ Бисер. Целата активност е организирана од Комисијата за спорт и физичка култура на ОК Аеродром.

вторник, 25 септември 2012 г.

АЖУРИРАЈ СЕ!

Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ, во тек е процесот на ажурирање и потврдување на членството на ВМРО-ДПМНЕ. Заради тоа потребно е секој член на партијата, секој ден во периодот од 17.09 до 17.11.2012 година, од 10.00 до 22.00 часот, да го посети седиштето на месниот или општинскиот комитет во местото во кое живее и да пополни и потпише формулар, со кој ќе го потврди и ажурира своето членство во ВМРО-ДПМНЕ. Членството може да биде ажурирано и потврдено и во Централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Отворена е и можноста за нови зачленувања во ВМРО-ДПМНЕ, партија која е движечка сила во Република Македонија

Трибина „Почеток на учебната година – предизвик за целото семејство“

Почитувани,

На 20 септември (четврток) 2012 година од 18:00 часот во ресторан „Мирко 919“ се одржа трибината на тема: „Почеток на учебната година – предизвик за целото семејство“. Целата организација беше покриена од страна на Комисијата за образование при ОК Аеродром ВМРО ДПМНЕ.
Присутните ја искористија можноста да ги прошират своите сознанија за текот на образованието на своите деца, стекнати од искусни лица од образованието.

недела, 16 септември 2012 г.

Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

На 15 септември 2012 година, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја одржа 21 годишна конференција во Универзална сала со почеток од 13 часот.


Ова е дефинитивно друг 15ти септември!
Различен од оној на големите и неостварени ветувања. Кога еден политичар викаше по градските плоштади, се удираше по градите, палејќи го своето членство, но на крај изизгрувајќи ја довербата на граѓаните, ветувајќи многу, неостварувајќи ништо.
Сега на овој 15ти септември, зборот се одржува, се работи на програма, се држиме до ветувањата, и колку некогаш да се чини невозможно, ние се трудиме до крај да ги исполниме. Проблеми има доста, но ние се трудиме со крајни напори да ги решаваме и да помогнеме на граѓаните. И токму затоа дури и по 6 години практикување на власта сеуште ни веруваат и ни даваат огромна поддршка за што ние им благодариме, и токму затоа опозицијата се моли ако може да нема избори, и да дојде на власт, без народот да ја донесе, туку онака, зашто се убави на пример, или зашто замислете тие ќе направеле влада со сите албански партии, или зашто сакале техничка влада, или преодна влада, или Бранкова Влада, или Фрчкова влада, но знаете, има само еден тип на влада во секоја држава – Тоа е народната влада!!!!! Тоа е владата на која народот му ја дава довербата, тоа е владата која треба да има програма и да даде збор дека ветеното ќе го исполни, и народот ќе и верува и ќе ја поддржува таа влада.
Е тоа е разликата меѓу овој и оној 15ти септември!
Ние сме подготвени за соочување со народот, а некои други се подготвени за секакви сценарија, само ако може, или не дај Боже, да има соочување со народот!
Во Зборот е разликата! Во дадениот збор!
За нас зборот вреди!
(извадок од говорот на Премиерот Никола Груевски)

21 години независност. Среќен 8-ми Септември

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Аеродром на сите граѓани на Република Македонија, како и на сите Македонци ширум светот им го честита Денот на независноста, денот кога Македонците и граѓаните на Македонија решија да живеат во независна, суверена и самостојна држава, ден на кој се оствари вековниот сон!  Нека ни е за многу години.