четврток, 20 декември 2012 г.

Предновогодишна забава


Почитувани!

Во петок на 21.12.2012 година во кафе бар ИФ спроти ОУ„ Блаже Конески“, Комисијата за образование при ОК ВМРО-ДПМНЕ Аеродром организира предновогодишна забава.
Сметаме на Ваше присуство....

Ве очекуваме на заедничка забава после 21.00 часот.

Комисија за образование ОК ВМРО-ДПМНЕ Аеродром

вторник, 18 декември 2012 г.

Tрибина на тема „Механизми за подобрување на соработката на граѓанскиот сектор со општината Аеродром“

Почитувани,

Ве повикуваме на ден 20.12.2012 година (четврток) со почеток во 19.00 часот, во ресторанот Мирко 919 да присуствувате на трибината на комисијата за односи од НВО при ОК Аеродром на тема „Механизми за подобрување на соработката на граѓанскиот сектор со општината Аеродром“, со предлог активности. На оваа трибина ќе следи и свечено потпишување на меморандум за соработка и промоција на новоформираните здруженија „Урбано општество“, „Свет за сите“ и „Општествена одговорност“ со нивните активности и идни проекти.

Со почит,
ОК Аеродром

петок, 14 декември 2012 г.

Покана за трибина „Безбедност на храна и HACCP принципи“

Почитувани,

Денес, петок (14.12.2012 година), во 19.00 часот, во ресторанот „Мирко 919“ ќе се одржи трибина на тема „Безбедност на храна и HACCP принципи“. Трибината е организирана од комисијата за земјоделство при ОК Аеродром.
Вашето присуство е добредојдено.

Со почит,
ОК Аеродром

вторник, 11 декември 2012 г.

Свечено отворање на новата локација на МК Македонски бранители 2001

Почитувани!

Утре, среда (12.12.2012 година) во 19.30 часот ќе има свечено отворање на новата локација на месниот комитет „Македонски бранители 2001“. Ве покануваме заедно да прославиме.



Со почит,
ОК Аеродром

понеделник, 10 декември 2012 г.

Да ги пополниме празните полици на библиотеките во Општина Аеродром!

Почитувани,

Во тек е хуманитарна акција за собирање на книги, лектири, атласи, карти и друг училишен материјал која ќе трае до 12.12.2012 (среда). Сите оние кои сакаат да се вклучат со донирање, истото може да го направат во месните комитети кај дежурните. Собраниот материјал ќе се искористи за пополнување на празните полици на библиотеките во Општина Аеродром.


Благодарам.

Со почит,
Комисија за култура при ОК Аеродром

петок, 7 декември 2012 г.

Хуманитарна акција „ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Ве известуваме дека во организација на Комисијата за здравство на ОК Аеродром, во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Аеродром, ќе се одржи хуманитарна акција под наслов "ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ”

ВЕ ПОКАНУВАМЕ во периодот од 09 часот до 13 часот во недела 09.12.2012 година, да извршите бесплатен медицински преглед со мерење на шеќер во крв, мерење
на крвен притисок, стоматолошки преглед и давање на совети.

Прегледите ќе ги извршуваат доктори членови на комисијата за здравство кои работат во јавното здравство на Македонија.

Во рамки на акцијата, на прегледаните граѓани, ќе им бидат донирани чаеви, безалкохолни пијалоци, вода и витамини.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ,

Комисија за здравство

Трибина „Електромагнетни зрачења во домовите и превенција од нив“

Почитувани, на 06.12.2012 година во 19 часот во пензионерскиот дом се одржа трибина на тема „Електромагнетни зрачења во домовите и превенција од нив“. Трибината беше целосно организирана од комисијата за телекомуникации и енергетика при ОК Аеродром.

петок, 30 ноември 2012 г.

Работилница „Нумеричка и јазична писменост“

Почитувани,

На ден 01.12.2012 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Пензионерскиот дом во населба Аеродром, Комисијата за образование при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром ќе одржи активност - работилница на тема „Нумеричка и јазична писменост“.

Вашето присуство е добредојдено.

Со почит

понеделник, 26 ноември 2012 г.

Трибина „Информатика и безбедност на податоци“

Почитувани ,

Cо особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на трибината на тема 
Информатика и безбедност на податоциво ресторанот Мирко919 на 28.11.2012 година во 19.00 часот.

Трибината е целосно организирана од комисијата за информатика и комисјата за безбедност и одбрана при ОК Аеродром.

Се надеваме со Вашето присуство ќе допринесете за успешност на трибината.
 

Уште едно заедничко дружење - куглање

Почитувани,

Комисијата за спорт и физичка култура Ве поканува на заедничко дружење и куглање во Кугланата Мусандра која се наоѓа во Градски Трговски Центар-Скопје.
Се што е потребно да направите е да понесете со Вас спортска опрема-шорцеви,маица и патики. 
Настанот ќе се одржи на ден 28.11.2012 година (СРЕДА) со почеток во 18.30 до 19.30 часот.

Со почит,

Комисија за спорт и физичка култура
ОК Аеродром

Резултати од кошаркарскиот турнир


1/8 – Финале
М.К. Долно Лисиче – М.К. Горно Лисиче 6 : 11
М.К. Јордан Мијалков – М.К. Бранители 11 : 0
М.К. Ново лисиче – М.К. АСНОМ 0 : 11
М.К. Јане Сандански – М.К. Вардар 11 : 6
М.К. Горан Николовски – М.К. Васко Карангелевски 11 : 6
М.К. Мичурин - М.К Острово 11 : 9
М.К. 13 Ноември  – Слободен
М.К. Ѓорѓи Капчев – М.К. Населба Лисиче (не учествуваа двата комитета )

1/4 – Финале
М.К. Горно Лисиче – М.К. Јордан Мијалков 9 : 11
М.К. АСНОМ – М.К. Јане Сандански 11 : 4
М.К. Горан Николовски – М.К. Мичурин 9 : 11
М.К. 13 Ноември – М.К. Острово 11 : 4

1/2 – Финале
М.К. Јордан Мијалков – М.К. АСНОМ 2 : 16
М.К. Мичурин – М.К. 13 Ноември 14 : 16

Финале
М.К. АСНОМ – М.К. 13 Ноември 16 : 10
МВП на турнирот: Душан Босиљанов (МК Асном)

Честитки до МК Асном за победата!!!

сабота, 24 ноември 2012 г.

Кошаркарски турнир ОК Аеродром

Почитувани,

На ден 25.11.2012 година (недела) во спортската сала МЗТ Јане Сандански во организација на Комисијата за спорт и физичка култура при ОК Аеродром ќе се одржи турнир во баскет помеѓу месните комитети од ОК Аеродром.  Турнирот ќе започне со почеток во 12.00 часот.
Ве покануваме да присуствувате на турнирот и да дадете поддршка на Месниот комитет од каде што потекнувате.
Со почит,
Комисија за спорт и физичка култура
ОК Аеродром

недела, 4 ноември 2012 г.

Акција за пошумување

Почитувани, 
На ден 04.11.2012 година (недела), со почеток во 11:00 часот,  крај паркот на езерата, ќе се одржи акција за пошумување во организација на Комисијата за земјоделство и шумарство Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Аеродром.
Ве покануваме да ја збогатите оваа акција!

вторник, 30 октомври 2012 г.

Трибина „ИСТОРИЈА И ИДЕОЛОГИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ“

Во вторник, 30.10.2012 во 19.00 часот во ресторан Мирко 919, ќе се одржи трибина на тема „ИСТОРИЈА И ИДЕОЛОГИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ“. Трибината е организирана од Комисијата за култура при УМС на ОК Аеродром.



недела, 14 октомври 2012 г.

Крводарителска акција на УМС - ОК Аеродром

Комисијата за здравство при УМС ОК Аеродром на 21.10.2012 година Ве поканува на крводарителската акција при која воедно ќе има и совети од стручни лица од областа на медицината.

Дарете крв и спасете нечиј живот!

среда, 26 септември 2012 г.

Велодипедска тура ОК Аеродром

Почитувани,

На ден 29.09.2012 година (сабота) со почеток од 11.00 часот на патеката на Кејот на реката Вардар од под мостот Близнаци ќе започне велосипедската тура до Градски парк плажа. Кој нема велосипед може да изнајми за 10 денари po час кај локацијата на "Градски Паркинг" позади ТЦ Бисер. Целата активност е организирана од Комисијата за спорт и физичка култура на ОК Аеродром.

вторник, 25 септември 2012 г.

АЖУРИРАЈ СЕ!

Почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ, во тек е процесот на ажурирање и потврдување на членството на ВМРО-ДПМНЕ. Заради тоа потребно е секој член на партијата, секој ден во периодот од 17.09 до 17.11.2012 година, од 10.00 до 22.00 часот, да го посети седиштето на месниот или општинскиот комитет во местото во кое живее и да пополни и потпише формулар, со кој ќе го потврди и ажурира своето членство во ВМРО-ДПМНЕ. Членството може да биде ажурирано и потврдено и во Централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Отворена е и можноста за нови зачленувања во ВМРО-ДПМНЕ, партија која е движечка сила во Република Македонија

Трибина „Почеток на учебната година – предизвик за целото семејство“

Почитувани,

На 20 септември (четврток) 2012 година од 18:00 часот во ресторан „Мирко 919“ се одржа трибината на тема: „Почеток на учебната година – предизвик за целото семејство“. Целата организација беше покриена од страна на Комисијата за образование при ОК Аеродром ВМРО ДПМНЕ.
Присутните ја искористија можноста да ги прошират своите сознанија за текот на образованието на своите деца, стекнати од искусни лица од образованието.

недела, 16 септември 2012 г.

Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

На 15 септември 2012 година, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја одржа 21 годишна конференција во Универзална сала со почеток од 13 часот.


Ова е дефинитивно друг 15ти септември!
Различен од оној на големите и неостварени ветувања. Кога еден политичар викаше по градските плоштади, се удираше по градите, палејќи го своето членство, но на крај изизгрувајќи ја довербата на граѓаните, ветувајќи многу, неостварувајќи ништо.
Сега на овој 15ти септември, зборот се одржува, се работи на програма, се држиме до ветувањата, и колку некогаш да се чини невозможно, ние се трудиме до крај да ги исполниме. Проблеми има доста, но ние се трудиме со крајни напори да ги решаваме и да помогнеме на граѓаните. И токму затоа дури и по 6 години практикување на власта сеуште ни веруваат и ни даваат огромна поддршка за што ние им благодариме, и токму затоа опозицијата се моли ако може да нема избори, и да дојде на власт, без народот да ја донесе, туку онака, зашто се убави на пример, или зашто замислете тие ќе направеле влада со сите албански партии, или зашто сакале техничка влада, или преодна влада, или Бранкова Влада, или Фрчкова влада, но знаете, има само еден тип на влада во секоја држава – Тоа е народната влада!!!!! Тоа е владата на која народот му ја дава довербата, тоа е владата која треба да има програма и да даде збор дека ветеното ќе го исполни, и народот ќе и верува и ќе ја поддржува таа влада.
Е тоа е разликата меѓу овој и оној 15ти септември!
Ние сме подготвени за соочување со народот, а некои други се подготвени за секакви сценарија, само ако може, или не дај Боже, да има соочување со народот!
Во Зборот е разликата! Во дадениот збор!
За нас зборот вреди!
(извадок од говорот на Премиерот Никола Груевски)

21 години независност. Среќен 8-ми Септември

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Аеродром на сите граѓани на Република Македонија, како и на сите Македонци ширум светот им го честита Денот на независноста, денот кога Македонците и граѓаните на Македонија решија да живеат во независна, суверена и самостојна држава, ден на кој се оствари вековниот сон!  Нека ни е за многу години.